Физичката активност и трчањето имаат голем ефект на општото здравје и благосостојба. На оваа информативна страна ќе се потрудиме да Ве мотивираме на активен животен стил.
Секој може
Трчањето е достапно за секој. За почеток ви треба да облечете патики, шорц или тренерки и маица и да тргнете до најблиската патека, тротоар, парк.
Повеќе Ендорфин
Трчањето помага да се намалат хормоните на стрес, како кортизолот, додека се ослободуваат ендорфините па кога трчате „добро чувствувате“.
Здраво Срце
Трчањето може да помогне во дистрибуцијата на кислород и да ја подобри циркулацијата на крвта, а истовремено значително да го намали ризикот од срцеви заболувања.
Зајакнување на Метаболизмот
Кога редовно трчате, вашето тело станува поспремно во разградувањето на храната што ја јадете.
Здравје на коските и зглобовите
Tрчањето помага во формирањето на ново коскено ткиво, што може да им помогне на вашите коски да станат посилни.
Community
Со добра екипа, ќе ја имате целата поддршка и мотивација што ви е потребна за да ги постигнете вашите фитнес цели

